Категории

Како да го забавувате вашето разиграно маче

Не се сомневаме дека вашата мачка е среќна, но може да биде уште посреќна ако оваа зима и обезбедите простор да истражува, да си игра и да биде опуштена. Вашето разгирано милениче ќе ви биде благодарно.

Кутии
Затворените простори и пружат чувство на сигурност и удобност на вашата мачка. Стандардната реакција на стресна ситуација врз мачките е трчање и криење, така да кутиите пружат совршена сигурност и зона за повлекување. Секако, таа има предност и од „ловечка“ перспектива – мачките се грабливци од засега а кутиите се идеално место за криење од каде можат да го „демнат пленот“.

Гребалица
Гребењето е неопходно за здрвјето на вашата мачка а тоа е начин таа да ја отстрани надворешната обвивка на канџите, ја обележува својата територија (мачките имаат мирисни жлезди на шепите) и да го истегне телото, да ги свитка канџите и стапалата.
Ако сакате вашата мачка да користи гребалици, сместете ги во простории каде седите често, како дневната соба. Колку повеќе добро позиционирани гребалици, тоа подобро и помала шанса вашиот мебел да биде на мета на вашето милениче.

Играње со ловење
Мачките ги имаат задржано своите ловечки вештини. И покрај тоа што „слугите“ им пружат доволно храна – мислиме на луѓето – и понатаму ќе саакат да излегуваат и да убиваат глувци, инсекти, птици, или било што друго што ќе им го привлече вниманието ако им се укаже можност. Ако ги чувате во затворено, осигурувате на да станат жртви на грабливци и брзи автомобили но на вас останува да ја вклучие мачката во игра која и овозможува да демне, да си игра и да оди во лов. Користејќи стапче со глувче можете да и обезбедите на вашата мачка ваков вид на ментална и физички задоволувачка игра – само бидете сигурни на крајот да и „дозволите“ да го „убие“ својот плен или играта ќе ја направи незадоволна.

Прегледи:
840
Категории:
Животни · Секојдневие
Објавено на:
28.11.2020