Категории

Како да ја победите алергијата од сонце?

Оние кои се алергични на сонце не е лесно да го преживеат летото, бидејќи алергиските реакции неретко се појавуваат со самото „печење“.

– Алергијата на сонце се манифестира со различни видови на осип на кожата од ситни мозолчиња, преку дамки па сè до меурчиња. Промените обично се појавуваат на деловите на телото кои обично се покриени со облека, додека на лицето најчесто нема осип. Алергијата на сонце се предизвикува од УВА зраците од сончевиот спектар, кои продираат во кожата подлабоко од УВБ зраците. Треба да знаете дека УВА зраците продираат и низ стакло, така да до создавањето на алергиски реакции може да дојде и за време на патување со автомобил, предупредува д-р Лилјана Шкрињар, специјалист по дерматологија во Загреб.

Таа предупредува дека треба да додадете антиоксиданси во исхраната. Луѓето обично не чувствуваат проблеми при првите денови на море, но подоцна, отприлика третиот или четвртиот ден се појавува осип. Со првото излегување на сонце во пролет, кај пречувствителните личности може да се предизвика алергија на деловите кои не се покриени со облека.

– За спречување на овие непријатни алергиски реакции на сонцето, се препорачува превентивно да земате капсули со антиоксиданси како што е ликопен, бета-каротен, астаксантин и билен екстракт од Polypodium leucotomos.

Многу е важно и кожата да ја заштитувате со висок фактор, односно со 50+ фактор. Треба да внимавате кремот да не содржи мириси, бидејќи и тие може да бидат причина за осип. Ако ви се појави алергијата, треба да ја лекувате со гелови на база на калмин и калциум-глуконат, а кај потешките облици, кортикостероидна крема. Понекогаш помагаат и антихитаминот ако го земате како таблети. Потрудете се да излегувате на сонце во раните утрински и доцните попладневни часови, односно да не излегувате на сонце од 11 до 18 часот.

Прегледи:
633
Објавено на:
30.06.2016