Категории

Како да ја подготвите вашата кожа за претстојната зима

како што температурите полека опаѓаат така доаѓа време за постепено подготвување на кожата за зимскиот период. Во зима, негата на кожата е особено важна затоа што студеното време може да и нанесе трајна штета доколку таа не е соодветно негувана. Ви споделуваме неколку совети за тоа како да ја подготвите вашата кожа за доаѓањето на зимата.

Екфолирајте редовно
Првиот најважен чекор е од кожата да се отстранат сите наталожени мртви клетки. Во зима не е потребно да ја ексфолирате кожата толку често за да не доведете до нејзино претерано исушување, затоа оваој чекор правете го сега, еднаш до два пати неделно.

Употребувајте хранлив крем и серум
На кожата исто така и треба хранење, а за тоа служат кремовите и серумите. Кога температурите ќе паднат многу е битно таа да е спремна да се бори против студениот и загаден воздух, па затоа почнете да ја потхранувате и припремате со витамински серуми и богати креми уште од сега.

Не заборавајте го пределот околу очите
Студеното време веројатно најмногу влијае на пределот околу очите затоа што кожата таму е најтенка и најнежна и најповеќе подлежи на влијанието на надворешните фактори. Користете ноќен и дневен крем кој ќе го потхрани пределот околу очите и ќе спречи формирање на фини линии.

Крем со заштитен фактор
Иако во зима сонцето е најслабо тоа не значи дека тоа не и штети на кожата исто како и во лето. Припремете се со добар крем со висок заштитен фактор кој ќе го ставате секогаш кога излегувате надвор.

Користете маски
Маските се одличен начин дополнително да ја збогатите негата на вашата кожа, тие се мултинаменски, не само што ја чистат туку и влијаат во нејзиното длабинско потхранување. употребувајте маски 2-3 пати неделно.

 

Прегледи:
318
Објавено на:
31.08.2019