Иако најлесно е да му пријдете и да му кажете “ми се допаѓаш“, сепак овој пристап не е баш најпожелен бидејќи можете да делувате чудно.
Ние веруваме дека повеќето интелигентни мажи знаат да препознаат кога и се допаѓаат на некоја дама и знаат да превземаат иницијатива, сепак понекогаш треба малку да ги поттикнеме.
Едноставно е, ако ве види насмеана ќе има чувство дека ви е пријатно во негово друштво, а тоа секој маж сака да го почувствува.
1. Започнете комуникација
Некои мажи се плашат да започнат разговор со девојка бидејќи премногу пати биле одбиени.
Вие знаете дека ви се допаѓа, но тој тоа најверојатно не го знае тоа, па зошто да не му го покажете. Најлошо што може да се случи е да не е заинтересиран.
2. Слушајте го
Статистиките покажуваат дека жените многу зборуваат, а малку слушаат.
Ако сакате да му покажете дека ве интересира прв чекор е да го слушате што ви зборува.
3. Поставувајте му прашања
Дамата која поставува прашања и потпрашања остава впечаток дека сака да знае нешто повеќе за него, а мажите на тоа дефинитивно “паѓаат“.
4. Активирајте се на социјалните мрежи
Ако сакате да му ставите до знаење дека ви се допаѓа, ставете по некој лајк на неговите постови или фотки. Facebook е идеално место за разбивање на ледот, па зошто да не го искористите.