Категории

Како да направите сами совршен под од палети за вашиот двор!

Pod-od-paleti-1

За да имате во дворот пријатно место каде што ќе можете да се опуштите дозволете ни да ви представиме едно идејно решение кое што може да си го дозволи секој.

Потребни материјали за изработка на подот од палети:

  • палети со димензии 1.20 м на 1.20 м кои треба да бидат доволно цврсти и да издржуваат тежина од 1.000 до 1.200кг.;
  • бетонски блокчиња 20 см x 20 см x 15 см;
  • боја или лак за дрво (подобра опција ви е лакот за дрво бидејки бојата брзо се оштетува);
  • крупен песок (камчиња) за висината и цврстината на подлогата ако го правите на земја.

Pod-od-paleti-2

Бројот на палетите ке го определите според тоа колку сакате да биде голем подот.

Pod-od-paleti-3

Пред да почнете со стругање проверете ги палетите да не има некоја шајка или нешто слично и истото да го одстраните.

Откако ке ги истругате палетите почнете со нанесување на лакот/бојата.

Pod-od-paleti-4

Додека палетите се сушат ќе почнете со подготвување на местото каде што ќе ги поставите палетите.

Pod-od-paleti-5

  • расчистете го местото каде што ќе го поставите подот;
  • измерете го местото каде што ќе биде подот
  • поставете ги бетонските блокови така што краевите на палетите ќе бидат поставени на бетонските блокови;
  • пред да ги поставите бетонските блокови ископајте дупки најмалку два пати поголеми од висината на блоковите и пополнете ги со крупниот песок онолку колку што сакате да биде подот подигнат од земја.
  • поставете ги блоковите во дупките и одкако ќе ја добите посакуваната висина пополнете ги празнините со ситна песок и убаво истапкајте.

Pod-od-paleti-6

На крај, поставете ги палетите на својте места, но погрижете се секое ќоше да лежи на бетонските блокови. Откако ќе го направите сето тоа оставете да поминат 24 часа без да додавате тежина на подот.

Pod-od-paleti-7

Извор: Направи сам

Прегледи:
1074
Објавено на:
15.04.2016