Категории

Како да правите Snapchat приказни кои нема да бидат тапа?

Snapchat е фатнастична апликација за праќање на глупи селфија и ремек дела од шкртаници до вашите пријатели, но ова е само фракција од забавата. До сега, сигурно сте се запознале со Stories – фото/видео приказни во кои фрштат емотикони, ефекти и смешни текстови. Но, има еден проблем – повеќето луѓе прават тапа Snapchat приказни.

Наредниот пат кога ќе сакате да направите Snapchat приказна, имајте ги на ум овие совети, за приказната да не им биде досадна на луѓето кои ќе ја гледаат. Епа, ајде да почнеме.

Не шљакајте директни снепчиња како приказна. Или обратно
Кога ќе направите снепче, имате избор или да го пратите до еден пријател/повеќе пријатели или да го додадете во приказна. Одберете или едно или друго, но никогаш немојте двете. Многу снепчетери рефлексно ги додаваат директните снепчиња во нивните приказни. Ова е исто како спамирање, па наскоро ќе почнат да ви ги игнорираат снепчињата. Имајте малку усул.

Секогаш имајте тема
Како што најверојатно сте научиле до сега, добрите приказни имаат план, а добрите видеа имаат сценарија. Вашата Snapchat приказна исто така треба да се однесува на нешто, дури и доколку е едноставна како правење сендвич. Но, без план, вашата Snapchat приказна ќе биде ништо повеќе од фрагментирано купче рандом тапа моменти од вашето секојдневие.

Поставете кратки тајмери
На секој наратив му треба темпо, но на Snapchat – текот на вашата приказна е критичен. Обидете се да ги раздвоите долгите сцени на две пократки. Со пократки сцени, вашите приказни ќе имаат движење.

Сериозно, држете се до кратки приказни
Луѓето кои се полу-нови на Snapchat имаат тенденција да прават долги приказни. Ова делумно е така затоа што не го држат на око нивниот тајмер, но исто така и затоа што  не сфаќаат дека нивните животи се претежно досадни, па вниманието на гледачите не може да се задржи.

Океј, знаеме дека ова звучи сурово, но сепак е вистина. Видете, на никого повеќе не му е гајле за ништо, а најмалку за некоја Snapchat приказна од 437 секунди која содржи 95 речиси идентични сцени од концертот на Дубиоза Колектив. Без разлика колку верувате дека вашиот живот е кул, возбудлив и интересен, веројатно нема да се прикаже како таков на Snapchat.

Затоа луѓе, задржете ги приказните концизни. Вашите гледачи треба да потрошат повеќе од минута или две од денот за да ги изгледаат.

Менувајте ги аглите
Избегнувајте да снимате од иста перспектива. Ако снимате монолог додека го држите телефонот над глава во десна рака, сменете ги рацете или спуштете го телефонот пониско во наредната снимка. Што и да правите, не ги повторувајте снимките често. Ова ќе ја направи вашата приказна визуелно попривлечна.

2

Гледајте во камерата кога зборувате
Нормална тенденција е да гледате во екранот кога снимате во селфи мод, затоа што сакате да видите а) дали изгледате добро и б) дали видеото/фотката има добар кадар. Но, доколку не гледате во камерата додека снимате, ќе ги дезориентирате вашите гледачи, затоа што вашите очи не се константно се насочени кон нив.

Ставете музиче во приказната
Да замислиме дека снимате видео како некој гризнува вкусен хамбургер. Ова е супер снимка. Но, нема уникатен звук кој се поврзува со неа (освен звукот како некој џвака, што е одвратно), па додадете ја вашата омилена песна.

Не се плашете да снимите нешто повторно
Snapchat приказните изгледаат живо и даваат вакво чувство, но не се – може да ги прегледате пред да ги прикачите. Ако нешто изгледа лошо, снимете го повторно. Нема зијан ако сакате да направите снимка како што сте замислиле дека треба да изгледа. (Забелешка: ова се однесува ако ова го правите самите, а не да им досаѓате на пријателите со барања од типот „брат, ај кажи го ова пак”. Ќе ве мразат).

Прегледи:
562
Објавено на:
03.03.2016