Категории

Како да препознаете осамена личност: Обрнете внимание на овие симптоми

Овие симптоми укажуваат на тоа дека личноста се чувствува осамено, празно и неисполнето – еве како да и помогнете!

 

Осамените и депресивните луѓе имаат три до пет пати поголем ризик од  предвремена смрт, покажаа многу студии. Еве како да ги препознаете личностите со вакви симптоми и што укажува сето тоа.

 

Осаменоста влијае на квалитетот на сонот, па таквите личности веројатно често се будат ноќе. Д-р Џон Барге, психолог и истражувач од универзитетот Јеил, смета дека е личноста е поосамена колку подолго се тушира или бања во топла вода. Една студија од 2012 година открила дека многу луѓе користат физичка топлина како замена за „топлината“ во социјалните односи. Студентите кои потврдија дека се осамени, подолго се тушираа или се бањаа во када со топла вода, а исто така им беа потребни и топли пијалоци, како што е врелото чоколадо.

 

Некои студии ја поврзуваат осаменоста и тенденцијата да поседуваат материјални работи. Ова е карактеристично за луѓето на кои им недостасува љубов, но експертите велат дека тоа не може да го надомести вистинскиот однос и им препорачуваат на осамените да ги трошат парите на патување. Осаменоста може да биде и заразна. Според истражувањето објавено во Journal of personality and social psychology, има 52% поголем ризик некој да се чувствува осамено доколку се дружи со такви лица.

 

Оние кои се чувствуваат празно и неисполнето, се активни на социјалните мрежи и честопати играат онлајн игри. На овој начин, тие се обидуваат да најдат социјална врска и топлина, но само привремено.

 

Многумина наоѓаат утеха во јадењето, поточно во прекумерно конзумирање на слатки, што потоа доведува до дебелина. Осаменоста, исто така, ја убива и мотивацијата, па наместо да одат во теретана, тие избираат да останат дома со далечинскиот управувач во рака. Осаменоста, исто така, има ефект врз стресот, па затоа може да му наштети и на имунитетот. Осаменоста е исто така тесно поврзана со депресијата, односно преставува специфичен фактор на ризик за таква состојба. Значи, ако сте осамени, поканете ги пријателите и излезете на вечера заедно.