Категории

КАКО ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ОД ПЛАТА ДО ПЛАТА?

Тоа е можно, се подразбира, под услов да сте среќници кои не живеат со минималец или подпросечна плата.
Ова се пет чекори како да го направите тоа:
1. Реално согледајте ги своите трошоци
Кога не знаете на што точно ви одат парите многу е лесно да упаднете во циклусот на преживување од плата до плата. Ако не можете точно да ги согледате сопствените трошоци тешко е да утврдите поради што на крајот од месецот ви недостасуваат пари. Со анализата на трошоци најлесно ќе создадете сопствен буџет.
2. Укинете ги непотребните трошоци
Следниот чекор е да ги намалите трошоците кои не се нужни. Тоа важи за вашите месечни сметки, но и за оние варијабилните, неочекуваните трошоци. Идниот пат кога нарачувате достава или одите по четврти пат во еден ден на кафе, размислете колку тоа ве чини на крајот на месецот.
3. Намалете ги долговите
Каматите на кредитните и дебитните картички месечно ви „јадат“ прилична сума на пари. Нека намалувањето на долговите на картиците биде ваша примарна цел.
4. Зголемете ги приходите
Заштедите на сметките и намалувањето на долгот можеби нема да бидат доволни за да се извлечете од магичниот круг. Размислете за тоа како можете да ги зголемите приходите. Ако работите за работодавец кој не плаќа прекувремени часови, можеби е време да размислите за некоја хонорарна работа која ќе ви го зголеми домашниот буџет. Дури и 50 евра месечно ќе направат голема разлика.
5. Нека штедењето ви стане приоритет
Обидете се месечно да оставите на страна одреден износ кој можете да си го дозволите. Замислете дека станува збор за една од сметките кои морате да ги платите. Дури и дваесетина евра на страна месечно, на крајот од годината ќе ви донесат пристоен износ.
Извор : centarnews.net
Прегледи:
338
Објавено на:
24.06.2016