Категории

Како да разликувате маска од прекривач за лице кој не ве штити?

Во време кога хируршките маски станаа тешко достапни, голем број луѓе се определуваат за било каква алтернатива на прекривање на лицето – марама, шал, рачно направена маска, но постои оправдана разлика помеѓу овие две.

Прекривачот за лице – не ве штити доволно.
Во ова време кога е исклучително тешко да се дојде до вистинска хируршка маска поради нивен дефицит во аптеките, бројни кројачници и текстилнии работници одлучија да помогнат така што започнаа со шиење на маски.
Меѓутоа, медицинските стручњаци споделија која е всушност разликата помеѓу овие две.

Маските кои се прават во домашни услови и текстилни работилници, во главно се прават само од памук, тие можат да се користат повеќе пати и тоа е нивната предност, но пожелно е да се перат и да се пеглаат со пареа на висока температура после носењето.

Тие не се сертифицирани и не поседуваат дел направен од целулоза и со тоа не штитат од вирусот, но штитат од останати вируси и генерално ви го штитат имунитетот на тој начин.

Прегледи:
902
Објавено на:
26.03.2020