Категории

Како да се ослободите од негативните мисли – Корисни нешта кои можете да ги направите за себе

Во колективната свест овие денови е да се размислува за коронавирусот и сите нешта кои доаѓаат со оваа ситуација. Време е за интроспектива и согледување на малите нешта кои нашиот живот можат да го направат подобар. Ви донесуваме неколку начини кои ќе ви помогнат да се чувствувате позитивно.

Пред се во овие тешки мигови единството е она што не збогатува а помагањето на другите е наша примарна должност. Секако со придржување на правилата кои се издадени за нашата сигурност, самотијата и изолацијата најтешко ја поднесуваат старите личности, оние кои живеат сами и оние кои се заборавени од другите. Време е да се обидете преку малите нешта да им помогнеме на другите.

Бидете нежни спрема себеси, а и спрема другите околу себе
-Направете нешто само за себе – било што што можете во овие мигови. Било да е тоа топла купка со морска сол или вашиот омилен филм на repeat. Запалете миризлива свеќа или нарачајте нешто од локалните доставувачи и почастете се.

-Направете листа од сите добри нешта кои ви се случиле денес, од најситните детали како телефонските разговори со вашите најдраги до оние неколку сончеви часови во кои сте можеле да уживате преку прозорецот.

-Испратете им видео на вашите пријатели и семејство и замолете ги да го направат истото. Тоа ќе ви го стопли срцето.

Движете го телото
– Вежбајте дома. Интернетот е преполн со вежби кои можете да ги правите во самоизолација. Медитирајте.

-Излезете на балкон или на прозор и вдишете воздух, некогаш се доволни само неколку секунди за да ви се разбистрат мислите. Опуштете се и уживајте.

Насмевнете се
– Пуштете ја вашата омилена хумористична серија, пуштете нешто кое ќе ве расположи.

Гимнастика за мозокот
-Слагалици, друштвени игри кои се наоѓаат во сечиј дом, сега е вистинско време за нив.

-Прочитајте некоја книга која одамна сте ја избегнувале. Било да е некоја која сте ја добиле на поклон или лектира која сте ја прескокнале во училиште.

-Ако никогаш не сте слушале аудио книги, на интернет ги има доста многу и се бесплатни.

Преуредете го својот простор
-Направете големо чистење. Ваквите ситуации можат да не потсетат на некои нешта кои ги имаме а всушност не ни требаат. Ослободете се од натрупаните нешта и дозволете му на вашиот простор да дише.