Категории

Како да се справите со напорен колега на работа кој прави драма од сè

Дали имате колега или колешка кои постојано нешто ги вознемирува? Еве како да се справите!

Во секој колектив, веројатно постои личност, која постојано ги прави работите да изгледаат многу поитни и потешки, а со тоа предизвикуваат стрес кај другите.

Ви испраќаат е-пошта со огромен наслов, полн со зборовите „итно“ и „веднаш“, ве повикуваат после работа и ве замолуваат да оставите сè што правите за да го исполните нивното барање. Најчесто таа личност не е ваш шеф, туку некој во слична позиција како вашата, кој смета дека сите треба да работат за него или неа.

Тие бараат време и внимание од сите околу нив, но тоа не значи дека треба да го добијат.

Како може нечиј „итен“ стрес да не стане ваш, како да поставите јасни очекувања и граници за таа работа, истовремено одржувајќи професионален став и здрав разум? Експертите ви откриваат!

Тргнете од себе

Не можете да контролирате дали некој ќе направи драма за нешто, но сигурно може да се контролирате самите себе како вие ќе изреагирате на таа драма. Стресот е „заразен“, како и анксиозноста, но дали знаете дека на ист начин и смиреноста е „заразна“?

Кога ќе добиете „ужасно итна“ е-пошта што всушност не е ниту итна, ниту многу важна, кога ќе ви се јави или ќе ви каже нешто што ќе ве вознемири, еве што треба да направите.

„Честопати нашата прва реакција е да замолчиме кога некој ќе не затрупа со наводно итни барања или приказни. Тоа е реакција на стресот, што значи „имам уште 15 работи што треба да направам, но сега не можам да излезам од оваа ситуација затоа што оваа личност ќе се налути, или ќе помисли дека не работам добро или доволно брзо“. Ако ова е вашата реакција, следниот пат кога ќе се најдете во ваква ситуација, одвојте две минути за целосно да се смирите, објаснува клиничкиот психолог Моник Рејнолдс од Центарот за вознемиреност и промени во однесувањето.

“Ако однесувањето на таа личност ви предизвикува стрес или брзо чукање на срцето, време е да одвоите еден момент за себе. Длабоко вдишете, бавно издишете, со поглед побарајте пет работи околу вас и започнете да ги броите во себе. Ова ќе ја намали реактивната состојба на целиот организам и ќе ве подготви за да го продолжите разговорот “, наведува психологот.

“Потоа, обидете се работата да ја направите што е можно помалку лична. Ако лицето ви кажало “ти мораш тоа да го направи”, одговорете му имајќи ги во предвид нормалните рокови за задачите, а не на вашиот личен капацитет. Важно е да не си дозволите да бидете застрашувани од „експлозивното“ однесување. Поставете прашања. Прашањата најчесто се тоа што ќе ја запре таквата личност. Прашајте, кога вашиот претпоставен ви кажал за ова? Кој друг работи на тоа? Во зависност од работата која ја работите, поставете неколку значајни прашања за личноста која прави драма да мора да направи пауза за да ви одговори, со што ќе изгуби дел од енергијата “, советува таа.

Поставувајте прашања

„Не е паметно веднаш да се согласите и да прифатите било што, туку да извлечете што е можно повеќе информации за да утврдите дали тоа што се бара од вас е всушност итно“, наведува таа.

“Секогаш во вашиот фокус да бидат фактите. Луѓето различно ги согледуваат задачите, за некого што ‘итно”, за друг кој е подобро организиран, тоа е само една задача на списокот на што треба да се направи“, наведува таа.

Дали имате личност во вашата околина на која сé и е „итно“? Кажете ни во коментарите како се справувате со овие ситуации!

Прегледи:
731
Објавено на:
03.11.2019