Категории

Како да се стане личност која го сака понеделникот

Неделата вечер не е многу популарна меѓу работните луѓе. Понеделник наутро со првиот звук на алармот прави да се чувствувате многу очајно, за да веќе во среда да почнете да водите внатрешна борба со себе.

Четврток ги прави работите поподносливи, за да во петок попладне чекате да излезете од канцеларијата затоа што конечно дојде редот на вашиот омилен дел неделата – неговото величество викендот.

Сопственикот на компанијата Вајнер Медиа, Гари Вајнерчук, на едно од неговите предавања изјави дека ги сожалува луѓето кои живеат за слободните викенди и годишниот одмор.

– Во недела навечер сум многу  возбуден и не можам да го дочекам понеделникот. Таа вечер одам порано на спиење и се чувствувам како борец пред влегување во ринг, рече Вајнерчук.

– Луѓето денес многу време поминуваат на работа и многу е важно работата да ве направи среќни.

Ако сте очајни од работата, ќе бидете очајни и во сите други животни сфери, продолжи Гари. Што би можело да биде решение за неделната депресија?

– Добро размислете што е тоа што ве прави несреќни во врска со работата. Дефинирајте што е тоа што ви дава сила и возбудување додека работите и фокусирајте се на тоа.

Доколку не постои надеж дека работите на работа нема да бидат подобри, соберете храброст и започнете сопствена работа.

Имате само еден живот, имате Интернет, можностите се неограничени и треба да ги искористите. Ако секогаш барате изговори, размислете на кој начин го поминувате слободното време, рече Вајнерчук.

Прегледи:
544
Објавено на:
09.05.2016