Категории

Како да создадете пријатна атмосфера за уживање и релаксација во вашиот дом?

Времето поминато во изолација мораме да го искористиме што подобри и да го направиме што попријатно, а за тоа е важно во својот дом да создадеме оаза во која ќе можеме да уживаме во потполност.

Пролетта пристигна, деновите се се подолги, а сонцето лесно не мами надвор, но на сите нам ни е јасно дека во овие мигови е најважно да се остане дома. Бидејќи до неодамна, тешко можевме да замислиме пролетните денови наместо на сонце да ги поминеме во нашите четири ѕида, времето поминато во изолација мораме да го искористиме што подобри и да го направиме што по пријатно а за тоа е важно во својот дом да создадеме оаза во која ќе можеме да уживаме во потполност.
Па, како да ја создадете оваа пријатна ‘cozy’ атмосфера во вашиот дом?

Посветете се на омилените ритуали
Откако ќе ги извршите сите работни обврски како готвење, чистење и средување, на ред доаѓа уживањето во омилените активности во затворено. Ако ништо друго, сега конечно имаме време за да ги гледаме нашите омилени серии и филмови и да ги прочитаме книгите кои веќе долго ни стојат на полицата.
Сега можеме да ја поминеме вечерта облечени во омилените пижами, без шминка на лицето, уживајќи во добар напиток и најдрагите beauty ритуали.
Одвојте една вечер во која вашата бања ќе ја претворите во вистинска spa она. Самите направете маиникир и педикир, пред крајот на денот опуштете се со топла купка, практикувајте јога и медитација за целосно опуштање пред спиење.

Уживајте во шолја на омилениот напиток
Сите тие ритуали во кои уживаме во пријатната атмосфера на сопствениот дом ќе бидат потполни заедно со шолја на омилениот топол напиток во кој сега можеме да уживаме без брзање.

Мал агол за уживање
Одвојте дел од вашиот дом кој ќе биде ваше катче на уживање. Тука можете да читате книги, да цртате, да гледате филмови или серии и да уживате во својот мир. Украсете го така што ќе ви причинува задоволство да поминувате време во него.