Категории

КАКО ДА ЗАПОЧНЕТЕ УСПЕШЕН ДЕН?

Некои денови се едноставно добри уште од самиот почеток. Станувате рано, кафето ви е совршено, добро појадувате и веќе во текот на утрото ги извршувате сите најважни работи. До ручекот веќе се чувствувате одлично. Веќе сте направиле многу, а сакате денот да го искористите максимално и да постигнете многу повеќе.

Некои денови не одат ни приближно толку добро. Токму за повеќето луѓе овие другите се потипични. Го ставате будилникот на повторување неколку пати и предоцна станувате. Го прескокнувате појадокот, а првите неколку часови на утрото ги трошите обидувајќи се да пронајдете некој важен фолдер или одговарајќи на меилови. Веќе доаѓа време за ручек, а вие сé уште ништо не сте направиле и претпоставувате дека ниту попладнето нема да биде ништо подобро.

Веројатно знаете дека ако добро ви тргне утрото, добар ќе ви биде и остатокот од денот. Затоа што кога ќе го фатите правото темпо, сé оди полесно, па затоа погледнете неколку совети кои ќе ви помогнат да имате успешно утро.

Станете на време

Нема да кажеме да станете рано, затоа што не сме сите ранобудци. Станувањето на време значи да го наместите алармот доволно рано да не мора да брзате во спремањето за работа. Најчесто, ако станете само 10 или 15 минути порано утрото ќе ви се трансформира од стресно во многу поопуштено утро.

Изедете здрав појадок

Сите знаеме колку е важен појадокот, а сепак многу го прескокнуваат. Без обзир дали се грижите за тежината или не, појадокот е клучен. Тој ќе ви даде енеергија за добра работа и концентрација. Житарки со млеко или јогурт, јајца, тост со мармалад…изборот е ваш. Важно е да појадувате.

Испланирајте го денот

Кога ќе влезете во канцеларијата одолејте на поривот прво да ги проверите меиловите, секако освен ако не работите во техничка поддршка. Првите неколку минути поминете ги планирајќи. Испланирајте ги сите мали, а итни задачи и сé друго што мора да направите денес.

Смалете ги прекините

Ако некој или нешто ве прекине во работата ќе ви бидат потребни неколку минути повторно да го вратите фокусот. Ако трошите премногу време одговарајќи на туѓи непотребни прашања, веројатно треба да се организирате одново.

Немојте да се губите

Продуктивноста е позитивна спирала која се продолжува непрестајно доколку останете фокусирани. На работа, вршете значајна работа, не денгубете. Ако веќе морате да седите негде осум часа, тогаш искористете го тоа време максимално.

Прегледи:
510
Ознаки:
· ·
Објавено на:
25.01.2017