Категории

Како да знаете дали штиклите ќе бидат удобни без да ги пробате?

Купувањето на нови штикли е возбудлив момент за повеќето од жените и девојките, но она што следува потоа е мачно – разносување, лепење фластери на болните места, прашување како беа толку удобни во продавница, а дома ве стегаат.

Не донесувајте прерани заклучоци како „штиклата е премногу висока“ или „платформата е ниска“, туку држете се до едно единствено правило кое гласи:

Растојанието помеѓу самата штикла и ѓонот не смее да биде помало од 3 сантиметри.

Без исклучок, без разлика на тоа колку е висока штиклата, чевлите ќе бидат многу поудобни ако ова растојание е 3 сантиметри или повеќе.

Затоа следен пат ако се двоумите помеѓу два пара чевли или едноставно во моментот не можете да ги пробате, а ве интересира дали се удобни за да ги купите, сетете се на оваа фотка:

Прегледи:
663
Објавено на:
28.05.2016