Категории

Како да знаете дека ве сака без тоа да ви го каже

Зборовите се убави, но делата сепак се поважни.

Овие гестови значат многу повеќе од само “те сакам“.

1. Тој останува со вас кога сте болна…не бега од првиот знак на настинка. Наместо тоа ви помага да оздравете со чај, супа и се што е во негова моќ..

2. Тој им посветува внимание на вашите интереси…иако можеби посетата на изложба не му е многу забавна, со задоволство ќе ви ја исполни желбата бидејќи знае дека уживате во тоа.

3. Тој се однесува со вас подеднакво кога сте сами или во друштво…девојките знаат да бидат сведоци на промена во однесување на партнерот кога се во негова близина се пријателите или семејството.

Тој знае наеднаш да се однесува недостапно, да ве занемарува или да прави невкусни шеги на ваша сметка, а штом другите заминат го менува однесувањето.

Вистинскиот маж е секогаш ист, без разлика дали сте сами или во друштво.

4. Допирите и нежноста за него не се само предигра…по долг и напорен ден понекогаш ни е потребна само прегратка, чешкање по грб и слични мали нежности. Мажот кој знае да ги понуди без никакво очекување ќе го зароби женското срце.

5. Тој не одбива дружба со вашите пријатели…чувството дека вашиот партнер ве крие од своите пријатели или ги избегнува вашите може да нанесе штета на врската бидејќи ќе почувствувате дека не сте доволно добра за него.

Прегледи:
1106
Објавено на:
16.06.2016