Категории

Како денес изгледа жената на која Чорба и ја посвети „Остани ѓубре до краја“ (фото)

Познатиот рокер Бора Ѓорѓевиќ дури три песни и  посветил на Биљана Невајда Шевиќ, една од најпознатите југословенски манекенки од седумдесетите години на минатиот век. Хитовите „Остани ѓубре до краја“ и „Два динара друже“, Бора ги напишал откако ја прекинал врската со Биљана. Години подоцна песната „Последња песма о теби“ повторно ги спои Биљана и Чорба.

Кога требало да отпатува во Сараево и започне нов живот, нејзиното тогаш веќе поранешно момче Бора Ѓорѓевиќ ја повикал за да се простат.

„Док стојим за шанком делимично пијан, мрзеќи по мало и себе и друге…“ ја опишува состојбата во која се наоѓал Бора додека ја чекал Биљана во кафеаната „Под липом“ во Белград. На состанокот во еден здив и ги изрецитирал стиховите на песната, а како што изјавила Биљана три децении подоцна за српските медиум „она ѓубре и ѕвонело во ушите“. Сепак не им  давала голема важност на зборовите на рокерот  бидејќи во тоа време го одбрала и човекот на нејзиниот живот. По нивната разделба, со солзи во очите и разочаран, Боро истрчал во тоалетот каде на излегување вработената му кажала „два динара друже“.  Истата вечер бил создаден и хитот кој ја опишува состојбата на Бора по заминувањето на Биљана:

„ Седео сам тако за нашим столом, све што иоле вреди пало је у воду“…

Триесетина години по нивната последна средба Боро добил можност по концертот на „Рибља Чорба“ во „Сава центар“ во Белград уште еднаш да се сретне со Биљана. Штом ја здогледал Боро извадил парче хартија да и ја изрецитира песната „Последња песма о теби“. Биљана  не останала рамнодушна и кога ги слушнала стиховите „после тебе потоп, ништа није вредно“ станала свесна за тоа колку многу Бора бил вљубен во неа.

Прегледи:
447
Ознаки:
· ·
Објавено на:
03.01.2017