Категории

Како до тесен струк и рамен стомак – Едноставни совети кои се покажале доста ефикасни

Вежбате, држите диета, но промените не се гледаат воопшто на вашиот струк? Не сте единствени. Ако некогаш сте се обиделе да ги изгубите маснотиите во пределот на стомакот, веројатно сте забележале дека резултатите стигнуваат бавно или воопшто не се забележуваат.

Причината веројатно се крие во тоа што ги менуваме прехрамбените навики а не го менуваме животниот стил, а сега веќе е познато дека животниот стил детерминира на кое подрачје на телото ќе се соберат маснотиите. Некои луѓе маснотиите ги насобираат на бедрата и задникот, а некои во горниот дел од телото, додека некои во пределот на струкот и стомакот.

Ви наведуваме неколку корисни совети со чија помош ќе го промените стилот на живот и ќе успеете да симнете неколку насобрани маснотии околу струкот.

1.Смалете го стресост. Познато е дека оние луѓе кои водат живот со повеќе стрес се склони кон насобирање на масни наслаги во пределот на стомакот.

2.Спијте доволно. Ова е поврзано со советот горе. За да можете добро да се одморите и да бидете поопуштени, треба да спиете доволно. Може да се каже дека добриот сон е еден од клучните фактори за намалување на струкот.

3.Јадете само кога сте гладни. Немојте да јадете за да прославите нешто или да ја сопрете тагата. Тогаш наздравете со чаша вода, чај или некој сок.

4.Бирајте мудар појадок. Најдобриот избор е појадок богат во витамини. Овошје и зеленчук треба да е вашиот прв избор.

5.Немојте да јадете ништо после 8 часот навечер. Додека спиеме метаболизмот е побавен а ако сте јаделе подоцна од 8 часот, маснотиите се насобираат околу стомакот. Ако имате повеќе наслаги кои сакате да ги отстраните, немојте да јадете ништо после 6 часот напладне.

6.Избегнувајте алкохол. Особено пиво. Називот „пивски стомак“ не настанал без причина.

7.Пијте зелен чај. Незасладениот зелен чај, три шолји на ден го поттикнува метаболизмот и помага да изгубите наслаги во пределот околу струкот

8.Ограничете ги десертите. Кога имате потреба за нешто слатко, земете овошје или јаткасти плодови. Или конзумирајте темна чоколада.

9.Јадете салата при секој оброк. Зеленчукот е доста важен за смалувањето на струкот затоа што содржи посебни супстанции кои го намалуваат гладот.

10.Вежбањето е важно. Горенаведените совети ќе ви го олеснат патот до рамен стомак но секако вежбањето е клучно во неговото постигнување.

Прегледи:
909
Објавено на:
19.07.2020