Сите би сакале да имаат голем аквариум во кој ќе собере повеќе риби. Но, овој човек одлучил да го создаде најмалиот аквариум во светот.
Сите луѓе чија професија или хоби е акваристиката сметаат дека малите аквариуми не се практични. Почетниците ја прават токму таа грешка бидејќи мислат дека помалиот аквариум бара помала грижа и е полесен за одржување. Но, вистината е сосема спротивна. Колку е поголем аквариумот-полесно се одржува и квалитетот на водата е поголем, додека малите аквариуми се многу тешки за одржување бидејќи параметрите во водата многу драстично и брзо се менуваат.
Сепак јутјуберот „Imaginative Guy“ одлучил да го направи најмалиот аквариум во светот. Тој го збогатил аквариумот со мали билки и риби. Аквариумот ги содржи сите потребни елементи како што се филтер, осветлување..
На неговиот канал можете да ја погледнете цела процедура на креирање на овој аквариум, како и финалниот изглед.