Категории

Како изгледа сушењето ориз на индијско сонце – Нереален поглед позади кој се крие макотрпна работа

Жителите на Западен Бенгал во Индија претежно се занимаваат со сушење ориз. Туркањето на бескрајни ридови ориз преку површината, на жешкото индиско сонце е нивно секојдневие. Иако од далечина ова изгледа како зен градина, во оваа работа нема ништо лесно или смирувачко.

Целта е да се исуши зрното ориз за да може да се спакува и потоа да се дистрибуира. Оваа работа е исклучително тешка бидејќи зрното ориз не смее да се прегрее, во спротивно ќе пукне и ќе се изгуби во квалитетот. Затоа, работниците постојано се превртуваат, вртат и мешаат ридови ориз за да се исуши секое зрно рамномерно. Типичниот работен ден на овие луѓе започнува во 3 часот наутро и трае до доцна попладне.