Категории

Како изневеруваат мажите според хороскопскиот знак?

Прочитајте како изневеруваат мажите според хороскопскиот знак?

Овен

Овенот е ловец и како такот не може да и се спротистави на својата природа. Дури и кога е среќно оженет тој ќе флертува бидејќи тоа е посилно од него. Тоа флертување најчесто завршува со љубовна авантура. Ако се вљуби лудо може да остане верен – барем некое време.

Бик

Биковите се најверниот знак во Зодијакот. Во состојба се дури и да ја толерираат прељубата на сопружникот. Бикот ќе направи сѐ за неговиот брак да успее, дури и по цена на понижување. Меѓутоа, може да се случи Бикот одеднаш да изгуби трпение…

Близнаци

Близнаците се дволични, т.е имаат двојна личност и многу се нестабилни во партнерските односи. Во состојба се да изневерат за да им покажат на другите какви заводници се тие всушност. На Близнаците им е потребна секојдневна возбуда и поради тоа ги изневеруваат партнерите.

Рак

Ракот сака краткотрајни и бурни љубовни врски и едноставно не го сака бракот. Дури и кога ќе влезе во брак, нема да се откаже од флертот. Меѓутоа, не е способен за неверство. Во бракот се верни до гроб.

Лав

Лавот е мажествен, шармантен и полн со самодоверба. Во него се борат две личности: да остане верен на жената која ја сака и желбата да покаже дека повторно може да „лови“. Овде честопати пресудува сопругата: ако е ладна, Лавот ќе ја изневери, ако постои страст и љубов – засекогаш ќе ја сака.

Девица

Мажот во знакот на Девица едноставно не е создаден за неверство. Ќе направи сѐ да остане во брак, но ако сака да и се освети на сопругата ќе ја изневери. Меѓутоа, неговата љубовница ќе знае зошто влегол со неа во врска. Кога мажот Девица ќе се разочара во жена, тој ја напушта и никогаш не добива желба да се смири со неа.

Вага

Мажите родени во знакот на Вага не можат да живеат без интриги, љубовни игри, особено ако се зачинети со предавство. Вагата се плаши да не го напушти сопругата, но и да не го изневери. Ако мажот Вага наиде на женска личност која е во состојба да го заведе, нема да и одолее без обзир на сѐ.

Скорпија

Скорпијата долго време ќе ужива во ергенскиот живот имајќи многу жени во животот. А кога ќе се ожени – тоа е тоа! Оженетиот Скорпија е прав пример на вистински семеен човек.

Стрелец

Стрелецот живее за возбуда! Тој е вистински казанова. Нема да пропушти ниедно додворување, ниеден флерт. Ова е знакот во зодијакот кој најмногу пати се жени и се разведува.

Јарец

Јарецот сака искрена врска без лаги и предавство. Јарецот никогаш не помислува на неверство. Но, единствено може да размислува доколку е оженет со ладна и незаинтересирана жена.

Водолија

Водолијата е нестабилен партнер. Во состојба е поради малку флерт да го напушти домот и семејството. Никој не е ни свесен колку е променлив овој знак. Само исклучително оригиналната и неверојатна жена може да ја задржи Водолијата покрај себе.

Риби

Рибите се големи марионети. Заводливата и опасна жена може лесно да ги вовлече во кревет. Едноставно, Рибите поради љубов и моментална желба ќе ја изневерат сопругата без размислување.

Прегледи:
698
Објавено на:
08.04.2019