Категории

КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА СВЕТОТ ПОСЛЕ ПАНДЕМИЈАТА – Навики кои треба да ги задржиме и после короната

Многу повеќе од здравствена ситуација, промена на свеста околу работата, парите, друштвениот живот па и емоционалните врски, но она што не очекува може да биде опасно но и добро..

Ширењето на болеста низ целата планета генерално го гледаме како медицински проблем, но лекарите, историчарите и економистите се сложувааат со тоа дека друштвените промени кои таа ги донесува траат неспоредливо подолго. Освен разнишаната светска економија, тука се и други поместувања во вредносниот систем како што е односот спрема работата, пријателите, познаниците, функционирањето на семејството па и љубовта.

Кога пандемијата ќе завршите, секако дека на сите ќе ни олесни но нема сомнеж дека ќе побрза да го одживееме она кое што го пропуштивме седејќи дома од почетокот на 2020 година. Меѓутоа, не би било лошо некои навики кои ги стекнавме во текот на изолацијата да ги задржиме и понатаму.

Финансии
Некој рекол дека главниот ризик по светската економија после пандемијата претставува тоа што луѓето за време на нејзиното траење се навикнаа да го купуваат само она кое им е потребно. И тоа е вистина, сепак, падот кој предвидува доколку престанеме да ги применуваме мерките на заштита од болеста до половината на 2021 година воопшто не е така драматичен.
Всушност, планетата во тој случај ќе задржи економски раст од 5,5% најпрво благодарение на Индија и Кина.
Со оглед на значајниот број на луѓе кои останаа без работа, трошоците треба да бидат рационализирани и откако ќе заврши епидемијата. Што значи, опсесивно-комплулсивното купување нема да го врати времето поминато во изолација, но доколку ги задржиме постоечките потрошувачки навики, буџетот би можел да ни биде поголем од тоа што веќе бил.

Работа
Нашиот однос спрема работата се промени во голема мера. Седењето на работното место по цел ден без вистинското зголемување на продуктивноста изглед заврши. И работодавците и вработените почнаа да испробуваат нови, неспоредливо похумани начини на извршување на работните обврски – работа од дома која за кратко време се покажа доста ефикасна.
Резултатот е – се повеќе од оние кои бараат работа, инсистираат работодавците да не им кажуваат каде и како треба да седат, туку како треба да ги извршат работните обврски. Ваквиот пристап на работодавците значајно ги смалува трошоците, како и големите деловни простории, превозот на вработените и слично.

Друштвен живот
Првите денови од пандемијата кај луѓето се јавила невообичаена потреба да ги побараат старите пријатели, покажува една анкета. Да разговараат со нив, да се слушнат со родителите, роднините, браќата и сестрите и да им ги споделат своите чувства. Нештото е во тоа што сеприсутната опасност создала потреба за подобрување на друштвениот живот. Бидејќи поглемиот дел од времето го поминуваме во размислување и со самото тоа – пробудување на чувствата, посакавме да видиме за кого вистински ни е грижа. Брзото темпо на живот пред пандемијата не доведе до тоа не знаеме со кого ни зошто се дружиме, па изолацијата практично ни дојде како хигиена на душата. Тоа е исто така навика која треба да ја задржиме.

Семејство
Како што покажува една студија, оваа ситуација влијаела позитивно на некои семејни односи. Со оглед на работата од дома, мажите започнале да ги превземаат домашните обврски кои досега воглавно паѓале на товарот на жените. Чистење, перење, шетање на кучето, помагање во одгледување на децата – сите нешта кои по непишано правило ги прават жените. Сега ситуацијата станала поинаква. Дури 63% од жените изјавиле дека со својата посилна половина станале тим. И тоа секако би требало така и да остане.

Љубов
Пред пандемијата беше воочена една друштвена појава особено кај младите која баш и не беше обетувачка за иднината на човештвото. Брзото започнување на врски и уште побрзите раскинувања често биле последица на влијанието на околината, вели една анкета. Личноста неретко бирала партнер кој има добра репутација во друштвото, што воопшто не значело дека и одговара. Така се раѓале врски во кои партнерите, практично и не се познавале. Немале кога да разменат мислења затоа што не биле насочени еден кон друг. Сега ситуацијата е сосема спротивна, луѓето кои не се интересни еден на друг во изолација не можат да опстанат заедно нити еден ден. И тука пандемијата се покажа како добар педагог. Што значи, ако со некој не можеме да седиме заклучени со месеци, тој веројатно воопшто и не е за нас.