Категории

Како Кејт Мидлтон и Вилијам ги воспитуваат децата?

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се пример за современ кралски пар, кој не се придржува до кралските правилата за воспитување на децата.

Неколку пати тие ги прекршија правилата. Едно од нив беше испраќањето на принцот Џорџ во училиште, наместо да се  школува дома, како и минувањето на Божиќ во 2016 со семејството Мидлтон, наместо со кралското семејство.

Често, принцот Вилијам на принцезата Шарлот и принцот Џорџ, им прераскажува приказни за неговата мајка, принцезата Дијана, за да не ја заборават баба си. Исто така се труди и да го одгледа принцот Џорџ како иден крал на Велика Британија. Кејт Мидлтон пак, секој пат кога не се во палатата им покажува како живее средната класа.

Вилијам е повклучен во воспитувањето на Џорџ и во неговото подготвување за неговата улога на глава на семејството и одговорностите кои ги носи таа. Преобразбата на синот од момче во маж, Вилијам дефинитивно ја има сфатено сериозно.