Категории

Како кучињата ни станале најдобри пријатели?

Луѓето и кучињата се најдобри пријатели веќе многу долго време – најмалку 10.000 години. Но, сте се запрашале ли некогаш како кучињата и другите животни биле припитомени и зошто? И колку се разликуват денешните домашни животни од нивните диви предци? Приказната е малку покомплицирана, отколку што можеби ви се чини.

Докази за припитомувањето на животните може да се најдат во древните текстови, ѕидното сликарство и египетските гробници. Од сите овие докази, заедно со современите генетски тестирања, можеме со голема сигурност да составиме временска рамка кога и каде почнало припитомувањето на животните.

На пример, знаеме дека кучињата биле првите миленичиња на човекот. Некои научници велат дека кучињата еволуирале од волците, но едно неодамнешно истражување сугерира дека кучињата и сивите волци еволуирале од заеднички предок. Без разлика на тоа, на археолозите, од ископаните артефакти и животински коски, им е познато дека кучињата биле дел од животот на луѓето долго пред почетокот на земјоделието – значи, најмалку пред 10.000 години. Мумифицирани кучиња се пронајдени и во античките гробови во Египет.

Овие докази сугерираат дека ние се’ уште сме биле ловци-собирачикога веројатно се појавиле првите кучиња и веројатно играле значајна улога во нашата заштита. На пример, лаењето на кучињата би можело да биде како праисториски алармен систем, кој не предупредувал дека опасните животни или други племиња се во наша близина.

1 2

Прегледи:
923
Објавено на:
21.05.2016