Категории

Како лажната насмевка на работното место може да влијае врз вашето здравје?

Сега ние имаме сериозна причина да не се придржуваме кон ова барање. Една нова студија, објавена во едно списание за психологија на здравјето при работа, покажала дека лажните емоции негативно влијаат на нашето тело, односно го зголемуваат ризикот од алкохолизам.

Истражувачи од Универзитетот во Пенсилванија и Универзитетот во Бафало спроведоа анкета помеѓу 1.500 вработени Американци. Истражувањето покажало дека оние вработени кои што се принудени постојано да комуницираат со луѓе и да ги потиснуваат своите емоции имаат тенденција да се „опуштат“ после напорната работа со алкохол.

Најмногу од сè, според неколку научници, лажната нeљубезност не уморува. Најтешко е да бидете љубезни кога некоја личност не ви е симпатична, се чувствувате непријатно и најверојатно никогаш повеќе нема да ја сретнете. Тоа е најтешко за келнерите и продавачите. Според студијата, на медицинските сестри и социјалните работници им е полесно да се справат со стресот: тие „искрено“ се смеат затоа што знаат дека тоа ќе им помогне на луѓето да се чувствуваат подобро.

Прегледи:
383
Објавено на:
18.08.2019