Категории

Како мажите се одлучуваат да влезат во брак?

Која е нивната теорија кога е вистинско време за брак…

Според една теорија, мажите се како њујоршките таксисти. Кружат околу по цели денови, развозувајќи личности. Некои луѓе возат подолго време, додека некои кракто без премногу размислување и придавање важност. Пред крајот на денот, кога ќе се уморат или ќе им се здосади возењето, таксистот одлучува да си оди дома. Тоа метафорички би значело дека кој и да се најде на задното седиште во тој миг, таксистот го носи дома, односно, мажите се женат со онаа жена покрај која се нашле во врска во мигот кога ќе сфатат дека ергенскиот живот им здосадил или се умориле.

Секако тоа е неромантична теорија која имплицира дека бракот е само прашање на вистинскиот момент, а не магичен момент на голема љубов.
Мажите тоа можеби нема да го признаат, во текот на својот живот тие можат да запознаат повеќе жени кои би ги исполнувале нивните критериуми за брак, но на крајот евентуално се се сведува на тоа кога е вистинскиот миг за нив да запловат во брачните води, без разлика која жена е покрај нив, што уште еднаш не ја оспорува теоријата со њујоршките таксисти.
Ова го тврди психолотот за брачно светување од Њујорк – Алиша Грин.

Прегледи:
290
Објавено на:
14.10.2019