Категории

Како Мишел Обама пее караоке

Џејмс Корден овој пат за гостинка во своето „Carpool Karaoke“ ја имаше Мишел Обама. После најавата, во која видовме дека Мишел одлично го владее репертоарот на Бијонсе, сите со нетрпение очекуваа да го гледаат целосното видео.

Возењето на Џејмс и Мишел се одвиваше во Белата куќа, а во караоке дружбата им се придружи и Миси Елиот.

Покрај тоа што пееја песни од Стиви Вондер и рапуваа со Миси Елиот, Џејмс и првата дама на САД зборуваа и за тоа што ќе ѝ недостасува по заминувањето од Белата куќа, за младите девојки, образованието и шифрираните имиња…

Прегледи:
357
Објавено на:
21.07.2016