Категории

Како момците ја замислуваат жената од соништата? Нивните одговори не воодушевија!

Ги запрашавме мажите какви девојки сакаат, односно како изгледа нивната идеална жена за да може да споредиме колку се разликуваат нивните одговори од нашите. Ви оставаме да процените откако ќе ги прочитате одговорите кои беа искрени забавни:

„Супер девојка е онаа која истовремено те насочува кон работи за кои ни самиот не си бил свесен дека си способен, а исто така те спречува да правиш работи за кои не си способен.“

„Онаа која те прави подобар, посилен и посреќен, а воопшто тоа не го прави со намера. Те смее кога нема шанси никој да те насмее, а ти се трудиш да и возвратиш во секоја прилика.“

„Знае дека ја сакаш и не го користи тоа.“

„Се трудиш да ја заслужиш.“

„Не постои идеална жена, како ни идеален маж. Правата цел е да најдеш некоја која ќе те сака со сите твои маани.“

„Грижлива пријателка, вредна и уредна жена, но лоша девојка само во креветот.“

„Мојата совршена жена има очи како летечки чинии, големи и блескави. Во нив со задоволство се губам, но пронаоѓам среќа.“

„Навечер е диво животно, преку ден светица. Сакам кога ми дозволува да и ја подарам целата своја љубов.“

„Стабилна, згодна, вечна поддршка.“

„Мојата девојка.“

„Идеалната жена е згодна и паметна, интересна, мудра, но и духовита. Онаа која знае да се напие, која сака да погледне и супер серија, добар филм, но и интересен натпревар. Онаа на која не и е целиот живот испланиран, туку која носи некои одлуки во моментот. Тие поважните подобро да ги испланира, бидејќи јас сигурно нема да го направам тоа.“

„Забавна, вредна, опуштена, паметна и друштвена.“

„Со силен дух, нежна, женствена, едноставна, страствена, сензуална, сексуална и интелигентна – да може да се разговара со неа.“

„Интелигентна, искрена, подготвена на компромис, отворена, позитивна, да ги поддржува моите цели, но и да има свои. Не мора да биде преубава, едноставно мора да биде барем приближно луда колку мене.“

„Онаа која не се плаши да биде поинаква и да ја покаже својата ранлива страна. Оние „кукли“ од Инстаграм и онака се само за… гледање :)“