Категории

Како најлесно да го стопите ледот на скалите

Во ладните и снежни зимски денови, кога на скалите пред домот со чевлите носиме вода, кал и снег многу лесно може да се формира ледена обвивка а скалите да станат опасно место.

Секако дека е многу важно редовно да го чистиме снегот на патеката што води до влезната врата од домот, но и покрај тоа добро е да знаеме дека детергентот за миење на садови може да ни помогне многу брзо да го стопиме ледот.

Промешајте два литра млака вода со две супени лажици течно средство за миење на садови и една чаша 70% алкохол.

Оваа течност сипете ја на скалите. Ледот брзо ќе изчезне а нова ледена покривка нема да се формира.

Прегледи:
398
Категории:
Занимливости
Објавено на:
08.01.2016