Категории

Како настанал календарот?

1920x1080_June_calendar

Многу одамна, кога настанал човекот, луѓето немале претстава за време. Не познавале ниту време, ниту датум, месец и година. Додека денес, човекот не може да го замисли животот без часовник и календар. Календарот, овој што денес го знаеме настанал не така одамна. Но како и кога настанал првиот календар?

Појавата на еден од првите календари е поврзана со една загатка, која останала нерешена околу 6.000 години. Нил е најголема река во Африка, долга околу 6.500 километри и е втора најголема река по должина во светот, веднаш по реката Мисисипи. Правецот на нејзиното течење е север-југ и таа претежно тече низ пустинските предели на Судан и Египет. Секоја година во Египет во месец јули почнува да се зголемува водостојот на Нил и тоа продолжува сè до октомври, кога нивото на водата може да се искачи и до 7 метри. Мистеријата е уште поголема ако се знае дека тоа се најтоплите месеци во Египет, кога воопшто не врнат дождови. Со повлекувањето на водата, Нил остава плоден појас на земјиште од неколку стотини метри, кое подоцна населението може да го обработува. Во далечното минато, египетските свештеници забележале дека помеѓу две покачувања на водостојот на реката поминуваат дванаесет полни Месечини. Така се родил првиот календар, кој се разбира, не бил ниту приближно точен како денешниот календар. Таа неточност на календарот ја забележале и египетските свештеници. Но, исто така, тие забележале и дека за време на поплавата една светла ѕвезда (Сириус) се појавува на небото пред самиот изгрев на Сонцето. Таа појава ја регистрирале неколку години по ред и пресметале дека помеѓу две појавувања на ѕвездата поминуваат 365 дена. Па така, свештениците ја поделиле годината на 12 месеци по 30 дена и 5 дополнителни денови, кои останале на крајот на годината. Ова се случило пред околу 6.000 години и го претставува првиот составен календар.

Нешто подоцна, слични календари се појавуваат и кај Вавилонците и Евреите. И нивните календари биле составени од години кои имале по 12 месеци. Денешниот Јулијански календар се базира на Староегипетскиот календар, кој Цезар го прифатил како официјален календар во својата држава. Во светот се познати повеќе од 40 календари. Најпознати се Јулијанскиот, Грегоријанскиот, Исламскиот, Еврејскиот, Кинескиот, Старословенскиот и календарот на Маите.

Прегледи:
1009
Објавено на:
11.06.2016