Категории

Како наутро да се подготвите многу побрзо од обично

Иако наутро немаме многу време за подготвување тоа не значи дека желбата да изгледаме добро се намалила.

Прашање е само на добра организација.

Во прилог погледнете неколку начини кои се надеваме дека ќе ви помогнат во тоа да се подготвите побрзо од обично.

1. Подгответе ја кожата на лицето пред спиење

Заборавете на утринските рутини. Миење на лицето и крема се сосема доволни.
Серумите, масажите на лицето и се останато завршете го од вечер.

2. Фен за лице

Ако користете мрсна крема за лице на која и треба подолго време да се впие, наместете го фенот на ниска температура и од соодветна оддалеченост вперете го во лицето и кремата ќе се впие за неколку секунди.

3. Хајлајтер како спас

Ако сте во брзање и немате време да нанесувате течен коректор, нанесете ја пудрата и преку неа ставете хајлајтер кој ќе ги осветли темните кругови околу очите.

4. Кремасто руменило

Ова руменило е добро затоа што е мултуифункционално и можете да го искористите на три начини.
Ставете малку на очниот капак наместо сенка, ставете го на јаболчиците и на усните наместо сјај.
Секако ова не може да функционира кај дамите кои имаат масна кожа и кои секогаш нанесуваат и камена пудра. Кремасто руменило никако не смеете да ставите над камена пудра.

5. Шампон за суво миење може да послужи и за стилизирање

Ако косата ви е чиста само напрскајте го на темето и ќе добиете инстант волумен па дури и лошо исфенираната коса може да делува лежерно.

Прегледи:
408
Ознаки:
·
Објавено на:
04.11.2016