Категории

Како од друга планета – Данскиот град Брондби е идилично место каде се живее среќен живот

Идеално место за бегство од градскиот шум и загадувањето.

Добро познатиот фотограф Хенри До, со помош на дрон и неговиот фотоапарат, сними сцена која го одзема здивот. Неговите снимки го обиколија светот и привлекоа внимание на убавините на Копенхаген. На периферијата на градот се наоѓа една необична населба наречена „Брондби Хејби“ – колекција куќи сместени во мрежа на совршено зеленило, што изгледа како суштества од друг свет да создале нереален простор за живеење.

– За време на мојата посета на Копенхаген, наидов на нешто што изгледа како вонземјанска цивилизација. На мое изненадување, ова е само мал дел од она што се нарекува „колонија на градини“, градинарски простор што данските граѓани можат да го изнајмат за да одгледуваат растенија. Ако живеете во град, јасно е дека просторот е исклучително ограничен, па затоа ова е совршен начин да имате сопствена градина и да се вратите во природата, вели До.
Населбата се состои од 284 куќи и 26 кружни градини изградени во 60-тите години од минатиот век, а секоја од нив се состои од околу 16 приватни парцели во форма на триаголник.

– Додека возите, „Брондби“ изгледа како и секоја друга населба на планетата. Дури кога го зедов дронот и го подигнав во воздухот, мојата перспектива се смени. Погледот на ова место од воздухот бил неверојатен, открива фотографот.

Прегледи:
543
Објавено на:
22.06.2021