Во книгата “Flow, The Psychology of Optimal Experience”, професорот по психологија и истражувачот Михај Чиксендмихај (Mihaly Csikszentmihalyi) ги идентификува најбитните елементи кои ни носат радост. Вреди да се спомене дека Чиксендмихај прави разлика помеѓу задоволство и радост – задоволството го дефинира како нешто кое ни создава моментално чувство на благодарност (на пример, јадење вкусна храна), а радоста ја дефинира како покомплексна емоција, која ни нуди значителни можности да го негуваме и растеме нашето постоење.
View this post on Instagram
Елементите кои ги посочува се базираат врз истражувања направени на различни места во светот, со голем диверзитет. Еден од елементите кои се клучни, се истакнува, а тоа е чувството на „flow”, односно, чувството на „тек“, кое ни овозможува да бидеме сосем присутни во моментот и да се задлабочиме силно во одредена работа. Чувството на длабок тек, може да го пронајдеме во различни активности, од кои една е пилатесот. Ајде да разгледаме како „чувството на тек“, е поврзано со пилатесот.
„Чувството на тек“…
Ни дава чувство на комплетност
Целта на пилатесот не е само да се изгледа на одреден начин (иако тоа доаѓа во пакет!), туку и да се чувствуваме комплетно и самоуверено.
Бара чисти цели
Главните цели на пилатесот е тоа низ лесни „патчиња“, односно со почетнички вежби, постепено да се дојде до средно тешки и тешки вежби. Една од забавните работи во врска со пилатес е тоа што секој ден и секоја вежба е нов мал успех.
Ни дава постојан фидбек
Нашите тела константно ни даваат фидбек при вежбање пилатес. Секое движење е проследено со одредена болка, и при пилатесот сме свесни за таа болка и присутни во моментот.
View this post on Instagram
Ги трга настрана грижите и фрустрациите од секојдневниот живот
Иако неоспорно е дека пилатесот е тешка работа, тој може да ни овозможи да се чувствуваме полесно, поенергизирано и пофокусирано. Сите овие телесни сензации ги отстрануваат негативните чувства и стресот.
Ни дава чувство на контрола врз нашите дела
Од буквална гледна точка, контрола е една од осумте принципи на пилатес. Имање тотална контрола врз движењето на нашето тело, ни дава чувство на контрола и во секојдневните активности, и последователно, чувство на радост.
View this post on Instagram
Ни дава посилна свест за нашето постоење
Чувството на тек ни дава подлабок увид во себеси. Сфаќаме кои сме и што се нашите желби и амбиции, и тоа во голема мера влијае врз нашата самодоверба и свест за нашето постоење.
Креира променета смисла за време
Колку пати сте вежбале цели 55 минути и не сте ги сетиле како поминуваат? Пилатесот ни овозможува променета смисла за времето бидејќи ни ги оттргнува мислите од сите проблеми и ни дава време само за себе.
Бидете самоуверени, имајте контрола врз себе и своите постапки, чувствувајте се комплетни и исполнети, вежбајте пилатес во PowerHouse Pilates центарот и почувствувајте ја среќата како природно доаѓа во вас. Отсега може да уживате во вежбањето и во новото пилатес студио кое се наоѓа во Кисела Вода.