10 часа пред спиење
Потребни се токму 10 часа за крвотокот да се исчисти од стимуланти кои содржат кафеин. Тоа значи, одбегнувајте кафе, зелен или црн чај, Кока кола, енергетски пијалоци и чоколадо.
3 часа пред спиење
Последниот оброк не треба да биде консумиран поскоро од три часа пред легнување во кревет. Вашето тело користи складирана енергија за да се отстраните од вишокот храна, а истото важи и за алкохолот. Во овој случај, наредното утро ќе се чувствувате како да сте ја поминале вечерта работејќи во рудник.
2 часа пред спиење
Од овој моментн, не работете и не мислете на работа. Оставете го тоа за утре. Верувајте – нема да ви избега.
1 час пред спиење
Тргнете ја помислата да гледате телевизија, компјутер или екранот на вашиот телефон. Колку и да сакате да проверите што има ново на Фејсбук, Твитер или Е-маил, не го правете то. Дајте им прилика на вашите очи да одморат.
0 минути пред вашиот аларм
Бзззз! Исклучете го алармот и веднаш одделете се од вашиот кревет. Не си дозволувајте да паднете во искушение да стискате „Snooze“. Станувањето веднаш по алармот ќе ви помогне тоа да ви стане навика.