Превенцијата е најважна, а правилното користење на маските за заштита е од клучна важност за заштита на здравјето.
Како се користат маските?
Доколку не сте заразени од корона вирусот, маската носете ја само доколку сте во непосреден контакт со личност закоја се сомнева или е утврдено дека има симптоми на Covid-19.
Маската носете ја доколку кашлате или кивате, иако немате дијагностициран Covid-19 затоа што ова е одговорност на однесувањето спрема другите. Советувајте ги и останатите во вашата околина да го направат истото.
Особено важно е често да ги миете рацете со сапун и топла вода или со сретство на база на алкохол затоа што маската сама по себе нема да направи ништо ако со валкани раце го допирате лицето и по тој пат вирусот може да дојде до носот или очите.
Доколку немате симптоми, немојте да носите маска панично и со тоа да му ја скратите на некого на кого навистина му е потребна. Не постојат докази дека маската ги штити луѓето кои не се заразени со корона вирус.
Начин на употреба на маската:
-Пред ставање на маската на лицето, измијте ги рацете со сапун и топла вода или сретство на база на алкохол.
-Со маската прекријте го носот и устата и обавезно проверете да не постои празен простор помеѓу лицето и маската.
-Избегнувајте да ја допирате маската со рацете додека е на лицето. Доколку е потребно да ја наместите, измијте ги рацете со сапун и топла вода или сретство на база на алкохол.
-Откако маската која ја носите стане влажна, заменете ја со нова. Никогаш не ја употребувајте истата маска 2 пати.
-Кога ја вадите маската никако не ја допирајте на предната страна, исфрлете ја во канта за ѓубре и измијте ги рацете со сапун и топла вода, или сретство на база на алкохол.