Правилно чистење и дезинфекција на вашата бања за време на епидемија – еве 4 работи на што треба да внимавате!
Според упатствата на експерти во епидемијата на корона вирусот, треба да посветиме поголемо внимание на хигиената на нашиот дом, што значи дека треба да се вклучи и дезинфекција во процесот на чистење.
Вирусот може да се задржи на ткаенина и на разни површини во домот, а најдолго на метал. Најдобрите антивирусни агенси во борба против вирусот се комбинација на сапун и топла вода, 70 проценти алкохол и средства за чистење врз основа на хлор.
Еве која постапка за чистење на бањата треба да ја практикувате за време на епидемијата:
Подот – Исчистете ги подовите со микрофибер крпа натопена во сапун и топла вода. За чистење на плочките се препорачува раствор од алкохол и дестилирана вода, како и чистење со средства кои содржат хлор.
Када и мијалник – потопете го сунѓерот во средство базирано на хлор, премачкајте ја кадата, мијалникот и туш кабината и оставете го средството да одстои неколку минути. Потоа исчистете со топла вода и сапун, а потоа исплакнете повторно со топла вода. Обрнете посебно внимание на чешмите и дополнително дезинфицирајте ги со алкохол.
ВЦ шолја – најдобро е да се користат агресивни средства на база на хлор. Исчистете ја внатрешноста на шолјата, како и капакот. Оставете го средството да одстои, а потоа исплакнете. Како освежувачи за тоалети можете да ги користите оние што во себе содржат хлор.
Машина за перење – Се препорачува за време на епидемијата да се пере облеката одвоено како и да се перат алиштата на повисоки температури, ако дозволува видот на ткаенината. Редовно чистете ја машината за перење со раствор од алкохол и дестилирана вода.