Категории

Како до рамен стомак без диети

Надуеноста и вишокот на вода во телото можете да ги решите со помош на следните совети.

# Започнете го денот со чаша топла вода и лимон

Оваа комбинација ефикасно го буди вашиот метаболизам и системот за варење го подготвува нашето тело за сите задачи кои го чекаат.

# Пијте многу вода

Потрудете се цел ден да консумирате вода. Таа ја намалува надуеноста и не содржи никакви состојки кои го прошируваат желудникот.

# Избегнувајте млечни производи

Не велиме воопшто да не ги консумирате овие производи, туку само пред важен настан кога треба да облечете на пример тесен фустан и слично.

# Избегнувајте сол

Телото поради солта ја задржува водата, па затоа зачинете ја храната само со бибер.

# Џвакајте побавно

Кога јадете пребрзо, голтате и воздух и поради тоа се јавува надуеност.

# Хранете се паметно

Голем број на намирници се добри во борбата против несаканата надуеност како бананата и лубеницата кои се најдобар избор за меѓуоброк, кога сакате да ја избегнете надуеноста.

Прегледи:
591
Објавено на:
28.03.2016