Категории

Како се однесуваат хороскопските знаци во врска? Овие карактеристики не смеете да ги игнорирате!

Да не речете дека не сме ве предупредиле!

 

Овен

Познато е дека Овните се темпераментни, а уште попознати по нападите на бес кога нешто не им е по волја. Нивната драматична и емоционална природа доверува до тоа да имаат детски, импулсивни реакции – особина која не е погодна за зрела врска.

Бик

Биковите лесно се вљубуваат , што значи дека можат да бидат големи заводници. Не се премногу романтични, но не би одбиле бесплатна пијачка од слаткиот бармен. Доколку се чувствувате доволно сигурно дека вашиот партнер го одликува заводлива енергија, тргнете со полна брзина кон својот Бик.

Близнаци

Познато е дека Близнаците се двоен проблем, а што друго да очекувате од нив? Тие се непостојани и непредвидливи, што може да означува недоследност во нивното расположение и носење одлуки. Додека во еден момент чувствувате љубов, веќе во наредниот момент може да се однесуваат кон вас како да не постоите.

Рак

Раковите имаат тенденција да претеруваат во искажување на љубовта, но постојат и моменти во кои се однесуваат многу сомнително или таинствено. Ова однесување може да му наштети на партнерот на почетокот на врската со Ракот. Во поголемиот дел од случаите сакаат да избегнат кавга или дискусија во одредени ситуации кои не ги разбираат најдобро.

Лав

Речиси секогаш може да сметате дека Лавот ќе изнесе стари аргументи во текот на кавгата ако нивното его на било кој начин е повредено. Овој пријателски знак простува, но ретко кога заборава. Да се премине преку драмата може да биде тешко, особено ако имате партнер Лав

Девица

Ако Девицата ви каже дека е „ок“, треба да знаете дека имате проблем. Овој нејасен одговор може да укажува на тоа дека нивните емоции се насобираат под површината, подготвени да експлодираат. А кога ќе се случи тоа, внимавајте! Девиците секогаш сакаат да ги контролираат емоциите, што нивните испади ги прави уште поопасни.

Вага

Да го делите животот со друга личност и секогаш да имате друштво може да биде убаво, но тоа може да биде и проблем. Бидејќи Вагите во врските најчесто се лојални, тие никогаш немаат време да размислуваат со своја глава, да носат сопствени одлуки или да се поврзуваат со своите индивидуални потреби. Честопати се премногу фокусирани да им угодуваат на луѓето и да бидат пријатни.

Шкорпија

Кога се чувствуваат запоставено Шкорпиите, љубомората во нив расте. Доколку сметаат дека партнерот си игр со нив, љубомората го достигнува врвот. Кога ќе се најдат во безизлезна ситуација, нема да сакате да бидете сведоци на експлозивниот темперамент на Шкорпиите.

Стрелец

Стравот од врзување за една личност може да го натера Стрелецот да се однесува поинаку и да создаде неизвесност во однос на иднината на врската. Не ги игнорирајте мистериозните СМС пораки кои ги добиваат од незачуван број после полноќ, нивната глума дека забораваат или пораките на кои нема да ви одговори со часови.

Јарец

Вашиот Јарец може да биде супер лојален, но понекогаш може да ви биде најголем конкурент. Ова на почетокот може да биде збунувачко, бидејќи како може некој кого го сакате да се натпреварува со вас? Но, за жал, тоа може да биде вистина. Внимавајте на знаците покрај пат кои можат да се манифестираат во нешто позлонамерно, како лажни трачеви кои се шират за вас пред вашите најдобри пријатели.

Водолија

Играњето на ладно е вибрација која на Водолијата и е прилично пријатна. Тие се како ветрот, студени и одвоено милји од романтиката поради што нивните партнери имаат чувство дека им се оддалечуваат. Многу е тешко да ги прочитате и разберете нивните мисли.

Риби

Добро позната работа во врска со Рибите е фактот дека можат лесно да ви влезат под кожа и тоа пребргу. Иако е прекрасно чувството на заљубеност, препорачливо е прво да ги запознаете пред да им се предадете. Знаете колку пати пробувате чевли пред да ги купите? Истото важи и за запознавањето Риби.