На повеќето од нас глобусите им асоцираат на часовите по географија или на здодевните учителски канцеларии. Но, дали некогаш сте се запрашале како тие се направени?
Овој процес не е воопшто лесен. Се состои од неколку чекори, а исто така, потребни се и повеќе уметници.
Видеото подолу е од 1955 година и е архивирано од British Pathé. Во него прикажани се чекорите по кои се изработувале глобусите во географските центри во Северен Лондон.