Веѓите кај некои жени претставуваат најзапоставениот дел од лицето. Концентрирајќи се на нагласување на очите и устата, многу често забораваме колку е важен нивниот облик и дека тие претставуваат круна на нашите очи.
Лошо обликуваните веѓи можат да влијаат на експресијата на лицето и потполно да ја сменат симетријата и естетиката на нашиот изглед. Кај многу жени правилниот облик на веѓите е изгубен уште во пубертетските денови, кога започнува процесот на кубење со пинцета на непотребните влакна. Бидејќи овие влакна растат многу бргу, тоа е долготраен процес во кој по одредено време некои од влакната престануваат да растат и веѓите ја губат совршената форма создавајќи празнини во нив.
Според обликот на лицето, очите и челото потребно е изгледот на веѓите да биде соодветно прилагоден. Меѓутоа, не секоја жена има совршено густи веѓи кои може да ги обликува како сака, а воедно и чувството за естетика не е подеднакво развиено кај сите. Поради тоа, секоја жена која се грижи за својот изглед, довербата за формата и обликот на своите веѓи треба да им ја довери на професионалци кои знаат како да го создадат совршениот изглед на веѓите.
Доколку не сте задоволни со изгледот на вашите веѓи, сега постои место каде што на потполно безболен и сигурен начин ќе ги добиете веѓите кои отсекогаш сте ги посакувале. Во салонот за убавина Корани ИС кој се наоѓа во хотел Руссиа, покрај многубројните услуги и третмани за истакнување на женската убавина, постои метода за потенцирање на вашите веѓи користејќи најквалитетна австриска фарба.
Сведоци сме на многу методи кои се применуваат на веѓите во последно време, но најчесто резултатот не е таков каков што сме посакувале, бидејќи веѓите добиваат еден неприроден облик и изглед.
Со овој третман вашите веѓи го добиваат најприродниот изглед, а воедно се пополнуваат празнините на веѓите. Отсега губењето време на дополнување со моливче и на симетријата помеѓу двете веѓи е минато, бидејќи со фарбањето добивате совршен изглед секој ден, без да губите време грижејќи се за нивниот облик.
Салонот Корани ИС работи секој ден во неделата, нудејќи се што е потребно за нега и убавина. Користејќи исклучиво најквалитетна козметика, сега може да уживате во многубројните третмани за коса, кожа, нокти, како за жени така и за мажи. Одвојте време за себе и дозволете врвни професионалци да се погрижат за вашиот изглед.