Категории

Како Стив Џобс ја објасни разликата меѓу милијардерите и обичните луѓе

Богатите луѓе размислуваат поинаку од просечните луѓе, а коосновачот на “Apple” Стив Џобс кој зад себе остави богатство од 10,2 милијарди долари не е исклучок.

Платформата “Qupra” го третираше прашањето “Дали милијардерите знаат нешто што нормалните луѓе не го знаат?”, па го цитираа Џобс:

“Се што е околу вас, а го нарекувате живот, го направиле луѓе кои не се попаметни од вас и вие тоа можете да го промените, да влијаете на тоа и можете да направите ваша работа која другите ќе ја користат”.

Патрик Метисон кој работел со милијардерот рече дека милијардерите сфаќаат дека светот е прилагодлив.

“Со доволен притисок кој го вршиме и доволно силни луѓе, навистина можеме да го промениме светот. Контрастот е тој што ние останатите мислиме дека светот е статичен”, вели тој.

Милионерот Стив Сиболд, кој сам го стекнал своето богатство, интервјуирал повеќе од 1.200 најбогати луѓе во светот пред да ја напише својата книга “Како размислуваат богатите луѓе”. Истакнува дека богатите луѓе имаат менталитет на активисти и личности кои решаваат проблеми.

“Додека масите чекаат да изберат вистински бројки и се надеваат на просперитет, големите решаваат проблеми”, напиша тој.

Тоа не значи дека се попаметни од просечните луѓе, истакна Џобс еднаш. Тие се само стратешки личности.

“Кога на богатата личност и требаат пари, тие не се прашуваат дали е тоа возможно, туку почнуваат да создаваат нови идеи со кои ги решаваат проблемите. Колку поголем проблем ќе решите, ќе заработите повеќе пари”, рече Сиболд.

Богатите порачаа: “Секој може да биде богат. Тоа нема врска со вашето образование или потекло”.

Прегледи:
889
Објавено на:
28.01.2016