Категории

„Како технологиите влијаат врз развојот на децата“ – Јавна трибина на здружението Ајнштајн

Денес, со почеток од 18 часот во Јавна соба (Public room), Здружението АЈНШТАЈН ја организира јавната трибина „Како технологиите влијаат врз развојот на децата“.

Целта на трибината е подигнување на јавната свеста преку пренесувања на мислења и искуствата од пракса на неколку истакнати експерти за штетното влијанието на современите технологии врз развојот на децата.

Трибината ќе биде отворена од страна на Првата дама на Република Северна Македонија проф. д-р Елизабета Ѓорѓиевска и Градоначалникот на Општина Карпош Г-дин Стефан Богоев.

Здружението АЈНШТАЈН во периодот од јануари 2019 до јули 2019 година го спроведува проектот “Вклучи внимание” финансиран од Европската унија во чиј што рамки се организира конференцијата “Како технологиите влијаат врз развојот на децата”. Цели на проектот се зголемување на вниманието и фокусираноста на учениците за време на училишните часови и ангажирање на локалната власт на Општина Карпош во процесите за намалување на зависноста од паметните телефони кај учениците.

Подетални информации за настанот може да добиете на следниот ЛИНК