Категории

Како цвеќето во вазна подолго да трае?

Ако барате начин да го продолжите „рокот на траење“ на букетот рози кои сте ги добиле за годишнина, роденден или едноставно сте го набрале за декорација во просторијата, пробајте еден од овие совети за да уживате подолго во свежиот изглед на вашите цвеќиња.

1. Газирани пијалоци

Немојте да ги ставате оние последни капки сок, кои се толку отстоени што не ви паѓа на памет да ги испиете. Околу една четвртина чаша газиран сок истурете во вазната со вода во која имате цвеќиња. Шеќерот од газираниот сок ќе направи цвеќето да цвета подолго. Но, бидете внимателни, ако имате проѕирна вазна користете сок кој е исто така проѕирен како 7Up или Sprite, за да не добиете „обоена“ вода.

2. Лак за коса

Исто како што може да ја зачува вашата фризура, спрејот за коса ќе го оддржи цвеќето свежо подолго, барем на изглед. Стојте чекор подалеку од букетот и брзо нанесете од спрејот, веднаш под стеблата и ливчињата.

3. Јаболков оцет

Сите сакаат да го задржат сеченото цвеќе подолго во живот, а постојат и неколу методи за тоа. Една од нив е да измешате две лажици оцет со две лажици шеќер, а потоа измешајте го тоа во водата во која ќе го ставите букетот цвеќе. Внимавајте редовно да ја менувате водата (додавајќи секој пат одново оцет и шеќер), на секои неколку дена, со што цвеќето ќе живее подолго.

4. Вотка

Најголемата тајна во тоа како да се оддржи сечено цвеќе подолго во живот, лежи во фактот дека треба да ги минимализирате развојот на бактерии во водата, и да обезбедите хранливи материи кои би ги добивало цвеќето кога би растело во земја. Додајте неколку капки вотка или ракија во вазна со вода, заедно со една лажица шеќер за антибактериски ефект. Водата менувајте ја секој втор ден, секој пат додавајќи нов алкохол и шеќер на своите „пијани“ цвеќиња.

5. Аспирин

Веројатно знаете за овој познат и долго чуван рецепт за одржување на розите во живот. Скршете еден аспирин во водата пред да ги ставите цвеќињата во истата. Исто така, не заборавајте да ја смените водата во вазната на секои неколку дена.

6. Избелувач

Иако веројатно никогаш не би рекле на прв поглед, факт е дека ова ќе го оддржува цвеќето свежо многу подолго, ако на секој литар вода додадете една четвртина лажица избелувач. Уште еден популарен рецепт е да додадете три капки избелувач и лажица шеќер во литар вода. Ова ќе помогне водата во која ги чувате цвеќињата да не се замати и да го спречи развојот на бактерии.

7. Монети

Вашиот свежо набран букет ќе трае подолго ако во вазната со вода додадете бакарна монета и коцка шеќер. Бакарот со монетата ќе делува како средство за скиселување, со што ќе го спречи развојот на бактерии.

8. Шеќер

Направете свој конзерванс со кој ќе ја оддржите свежината на букетот неверојатно долго. Растворете три лажички шеќер и две лажички алохолен оцет во три литри топла вода. Шеќерот го храни растението, додека оцетот го оневозможува развојот на бактерии. Ќе се изненадите колку долго вашиот букет ќе остане свеж!

Прегледи:
2879
Ознаки:
· · ·
Категории:
Занимливости
Објавено на:
08.02.2016