Категории

Како во рок од 5 секунди да процените дали високите штикли ќе ви бидат удобни

Едноставен трик кој ќе ве спаси од промаршено купување

Купувањето на нов пар чевли на висока потпетица секогаш носи свој ризик. Кога ги пробувате во продавница,сигурно повеќе им се восхитувате на нивниот изглед пред огледало отколку дали тие ќе бидат вистинско измачување. Пред да ве залаже прекрасниот изглед, добро е да се уверите дали тој пар чевли ќе ви биде удобен и ќе можете да го носите секој ден, осум часа, било каде.

Сигурни сме дека секоја жена во својот плакар има барем еден пар чевли кои останале во заборав поради тоа што и причинуваат болка, за таа цел ние ви откриваме едноставен трик кој ќе ви помогне како да повеќе да инвестирате во чевли кои никогаш нема да ги облечете.
Тајната се крие во растојанието помеѓу почетокот на чевелот па се до неговата потпетица, колку е растојанието поголемо толку тие ќе бидат поудобни за носење, растојанието треба да биде повеќе од 3cm. Во спротивно, чевлите кои имаат помало растојание, од 2,5cm ставаат преголем притисок на предниот дел на стапалото што при одење е многу неудобно и предизвикува болка.

Прегледи:
396
Објавено на:
11.02.2017