Категории

Каква контрацепција користите? Денес е 26ти септември, Меѓународен ден на контрацепцијата

Превенцијата е секогаш најдобрата опција, па така и контрацепцијата е најдобра опција за да се спречи несакана бременост и пренесување на сексуално преносливи болести. 

contraception

Клучно за спречување на сите негативни последици од незаштитениот секс е едукацијата, особено едукација на младите од најрана воздраст, како и другите ранливи категории. За да се оствари ова државата треба да обезбеди механизам кој ќе биде достапен за сите, а контрацепцијата нема да биде луксуз. 

Хера Млади во чест на Меѓународниот ден на контрацепцијата пишуваат:

„Последните истражувања на тема малолетнички бремености покажуваат дека е значително помала веројатноста дека ќе дојде до несакана бременост кај оние тинејџери кои имаат на располагање бесплатна контрацепција и кај тинејџерите кои се упатени за позитивните и негативните страни на контрацептивните методи.

Со превенција на несаканите бремености и абортуси, ефективните контрацептивни средства и методи истовремено овозможуваат и здравствени и социјални бенефиции за девојките и жените. Според истражувањата, во светот годишно умираат 600 000 жени од компликации при породување, а 75 000 умираат од компликации проследени при нелегален абортус.“
sredstva-za-kontracepcija
Воедно уште еднаш се потенција загрижувачката состојба кај нас, каде на многу ниско ниво е стапката на употреба на контрацепција, а како причини ги наведуваат: „влегувањето во непланирани сексуални односи, недоволната информираност за постојните методи на контрацепција, стравот и предрасудите за нивното штетно дејство, недостигот од вештини за инсистирање на безбеден сексуален однос и воведување контрацепција во врската (особено присутно кај женскиот пол, поради родова нерамноправност), недостигот од финансиски средства, стравот од медицинските процедури, стравот од осудувачкиот однос на медицинскиот персонал“.
8641802_orig
Клучна и најзначајна причина е немањето на сексуално образование во школите, што е пракса во сите модерни држави. Сексуалното образование се покажало како доста ефективно во едукација на младите за спознавање на своето тело и целосна информираност за сексот и контрацепцијата со што се избегнуваат заблуди како овиешто е важно за здрав психофизички развој на младите. 
Заради немањето на сексуална едукација во образовниот систем, младите често се информираат од интернетот или пак се (дез)информирани од своите врсници, од тие прични советите се да се консултирате со стручни медицински лица пред да стапите во сексуални односи или Х.Е.Р.А. е секогаш достапна за едукација, како би ги избегнале несаканите последици.
МЃ