Категории

Какви нокти, таков карактер. Што обликот на ноктите кажува за вас?

Природни, вештачки, долги или кратки. Светли, темни, светкави и шарени. Едноставни и комплицирани. Пронајди го твојот облик на нокти и дознај што тој кажува за тебе!

mycosan-1468664535-92288

Долг нокт, подеднакво широк и во коренот и на врвот

Таинствена и романтична личност. Организирани сте, внимателни спрема луѓето во вашата околина. Сакате светли бои да ги красат вашите нокти и се грижите за нивното здравје и изглед низ целата година.

orly-instant-glitter-tip-nails

 

Нокт кој се шири во средината

Личностите со ваков облик се шармантни и популарни во друштвото. Полни сте со позитивна енергија и секогаш одлучни без оглед на ситуацијата. Сакате патувања, различни места, а и различни бои што се однесува до вашите нокти.

French-TIps-with-Glitter

 

Елипсовиден нокт

Мирни и трпеливи. Убаво воспитување, ведрина и насмевка се нешта што оставаат со кои оставате добар прв впечаток кај луѓето. Хедонисти, гурмани, а ноктите ги средувате полека додека уживате во пријатна музика.

maxresdefault

 

Квадратни нокти

Креативни и замислени. Љубопитни сте за нови работи, сакате авантури и необични нешта. Сакате се што е поврзано со уметност, па и вашите нокти се уметнички, природни, слатки и кратки.

Mos-manicure-and-pedicure-for-kids-nailart-from-JamberryNails

 

Нокти во облик на триаголник

Амбициозни и самоуверени. Вие секогаш го исполнувате она што сте го намислиле. Секоја цел лесно ја достигнувате. Сакате да ги уживате нештата, па затоа своите нокти им ги препуштате на професионалци.

maxresdefault (1)

 

Прегледи:
605
Објавено на:
16.07.2016