Категории

Какви промени се случуваат во телото кога озборувате некого?

Додека озборувате, всушност сте во интеракција со вашиот егоизам. Во тој момент се чувствувате добро, но набргу тоа чувство се претвора во негативна емоција.

Се што изговараме има одредена вибрација, а таа вибрација влијае и врз нашата околина и на нашето тело. Преку озборувањето се шири негативна енергија. Кога зборуваме лошо за некого, создаваме отровно поле околу нас, па така колку повеќе луѓе озборуваат одредена личност, полето е толку пошироко.

Додека трачарат, луѓето многу честоне се свесни колкава штета си нанесуваат себеси и на другите. За жал, тоа е секојдневна масовна појава за која нема лек, освен да се случи некои чудо и да се промени перцепцијата и свеста кај луѓето. Всушност, пред да се започне со озборување, луѓето треба да се запрашаат како би се чувствувале доколку слушнат дека некој друг го зборува тоа позади нивниот грб. Тоа е сосема кукавички чин.

Озборувањето дури за момент придонесува да се чувствувате моќно и дека ги држите работите под контрола, а всушност тоа е само лажно и краткотрајно чувство. Егото се храни со негативна енергија. Освен што шири лоши вибрации, озборувањето може да ги блокира позитивните емоции како што се искажувањето на љубов и сочувство.

Избегнувањето на озборување е знак на интелигенција

Интелигентните луѓе се ужаснуваат од празни разговори, слушање на туѓи фалби, па макар тоа да е изведено и на многу суптилен начин, како и од озборување на други луѓе. Тие сакаат да бидат во друштво на луѓе чии мисли се движат подалеку од – „кој што јадел, облекол, со кого завршил во кревет…“.

Прегледи:
726
Објавено на:
10.01.2018