Категории

Какви сте вие според музиката која ја слушате?

Какви сте вие според музиката која ја слушате?

Музиката – ве прави среќен, возбуден, ве поттикнува да танцувате, ве расплакува. Враќа спомени и истите ги оживува. Способноста да го промени расположението во секоја минута ја прави музиката најсилната ,,таблета” против депресија, замор и стрес. Според некои експерти, ритамот и тонот во една композиција се главните фактори кои влијаат врз тоа каква емоција ќе предизвика композицијата кај вас. Конзумирањето таблети за смирување може да ви ја врати самодовербата или пак да ве освежи на момент, но тоа не значи дека ќе ви ја врати целосната свежина, самодоверба и дека ќе ве оттргне од патот да паднете во депресија.

Освен како ,,антидепресив”, музиката помага да се добие поголема концентрација на работното место, а исто така може и да мотивира.

Статистички гледано, секој музички жарн има различно влијание :

  1. Фановите на блуз музиката – полни со самодоверба, креативни, нежни и смирени, знаат да остават добар впечаток кај секого. Имено, самиот жарн кој го слушаат ги прават да бидат полни со самодоверба и да шират позитивна енергија.

  1. Фановите на џез музиката – слично како и фановите на блузот, и џезерите се полни со самодоверба и спаѓаат во групата на креативици кои знаат да остават чуден, но впечаток кој не го остава никој друг.

  1. Љубителите на класична музика се смирени и се тип на луѓе кои имаат свои видувања за одредени теми кои се својствени само за нив.

  1. Откачени, а сепак смирени, раперите се тип на луѓе кои можеш да ги сретнеш со чаша пиво во раката како зборуваат за теми кои немаат врска со нивното секојдневие.

  1. Џентлменски и дамски настроени, фановите на операта претпочитаат да имаат свое јас, но не се песимистички настроени и кон некои туѓи мислења. Воздржани пред секој немил настан, обожавателите на оперета се смирени луѓе.

  1. Слушањето реге музика на почетокот било чудно за сите слушатели, но привлечноста која ја имале самите фанови допринела до брз развој на овој жарн. Но, сепак самите чудни почетоци, на некој начин, допринеле овој жарн да се спои со луѓето кои напати имаат чудни размислувања и на момент се одделуваат од реалноста.

  1. Уникатноста ги прави рокерите да излгедаат навлезени во свој свет каде имаат поставено свои принципи и не гледаат надвор од принципот кој си го задале.

Прегледи:
501
Објавено на:
27.08.2016