Категории

Какво лето нѐ очекува? Пеколни жештини и големи бури!

Пред нас е лето со опасни топлотни бранови, долги сушни периоди и временски непогоди, објави метеоролошкиот сервис „AccuWeather“ во својата долгорочна прогноза за цела Европа.

Балкански полуостров

Додека сувото и жешко време ќе доминира во поголемиот дел од Европа, на Балканскиот полуостров му се закануваат невремиња со грмотевици. Иако регионот нема да биде имун на топлотните бранови, екстремните жештини ќе бидат ограничени на одредени области.

Непогодите со грмотевици од Медитеранот и источна Европа ќе ја загрозат и нашата земја, како и Србија и Грција, Романија и Бугарија. Грмотевиците најчесто ќе настапуваат во попладневните и вечерни часови, со зголемен ризик од бура, град и дожд. Невремето почесто ќе се шири кон запад, носејќи променливо време и во Италија.