Категории

Калифорнија е првата земја која забрани тестирање на производи за убавина врз животни

Калифорнија им даде голема причина на брендовите кои произведуваат продукти за разубавување да го запрат тестирањето на нивните производи врз животните.

Во вторникот, официјално државата донесе закон со кој продажбата на козметика тестирана на животинско потекло ќе стане нелегална во рамките на државата по 2020 година. Оваа пракса на поголемиот дел од брендовите во оваа индустрија одамна претставува проблем, но од неодамна повеќе брендови како што се The Body Shop, Too Faced и Lush Козметиката решија да престанат да тестираат производи врз животни. Сега, со овој закон Калифорнија се надева дека ќе испрати порака која ќе стигне до што поголем број на компании од индустријата за убавина.